Драстичен потег на изневерена жена: Актерката поради вереникот стана најлоша верзија од себе – за сè ќе му „наплати“

Меган Фокс и Машин Ган Кели имале голема кавга во текот на викендот на „Супербоул“, што довело до нивна драма на социјалните мрежи и иницирање гласините за нивно раскинување.

„Официјално не се откажаа од веридбата, но Меган го извади прстенот“, изјавил извор за „People Monday“.

Google search engine

„Имаа проблеми во минатото, но овојпат работите изгледаат прилично сериозно“.

Инсајдер додал дека Фокс е многу вознемирена и не сака да разговара со рокерот по нивната кавга.

Во меѓувреме, „Us Weekly“ извести дека актерката требала да оди на негов настап во саботата, но ги откажала своите планови и одлетала за Аризона по нивната кавга.

Изворот кажал дека „никој не можел да каже дека нешто не е во ред со Кели во текот на неговиот сет, додавајќи: „Вложив сè од себе во овој настап. Се качував на греди и ја анимирав публиката“.

Друг извор потврдил дека Фокс не била таму кога пејачот стапнал на бината, исто така таа го прескокнала и црвениот тепих на настанот.

Во текот на концертот Кели им ја посветил „Bloody Valentine“ на дамите и занемарил да ја спомене својата вереница, а исто така не ја испеал ниту песната „Twin Flame“ која говори за неговата врска со Меган.

Додека извор за „Entertainment Tonight“ рекол дека Кели бил на ниско ниво со енергијата на сцена, тие исто така потврдиле дека парот бил заедно на „Супербоул“ викендот и дека сè изгледа прекрасно меѓу нив.

Фокс ги наговести проблемите во рајот рано оваа седмица кога на Инстаграм престанала да го „следи“ рокерот чие вистинско име е Колсон Бејкер. Потоа почнала да следи три мажи од А листата вклучувајќи го и Еминем со кој нејзиниот вереник јавно бил во кавга.

Актерката дополнително ги потврдила шпекулациите кога објавила фотографија од снимањето во тоалет со мистичен стих од Бијонсе од песната која му ја посветила на Џеј Зи по неговото неверство.

Фокс дополнително реагирала на гласините дека нејзиниот вереник ја изневерил со гитаристката од својот бенд, Софи Лијд.

Кога еден корисник на Инстаграм прашал дали Машин Ган Кели бил со Лојд, Фокс одговорила: Можеби јас бев со Софи“.

Претставниците на славнит пар, како ниту славниот пар досега не потврдиле дека дошол крај на нивната врска и веридба.

Парот е во врска од 2020 година, а Машин Ган Кели ја запроси Меган Фокс две години подоцна, со дијамантски прстен.