ДРАМАТИЧНО ВИДЕО ОД ЛЕТ НИЗ НЕВРЕМЕ! Патниците панично врескаа, децата плачеа: „Авионот почна да паѓа, мислевме дека е КРАЈ“

Авион кој летал од Аликанте во јужна Шпанија кон островот Мајорка налетал на силна бура која предизвикала непријатни турбуленции.

Некој ја снимал ситуацијата во авионот додека се пробивал низ невремето. Како што може да се слушне на видеото, луѓето врескаат додека силниот ветер го ниша авионот лево-десно.

Google search engine

Според пилотот, авионот бил тресен од ветрови со брзина од околу 100 километри на час. Тие не можеа да слетаат на шпанскиот остров и беа принудени да се вратат во Аликанте.

Делови од Шпанија викендов ги погоди големо невреме.