Драматични сцени од Грција: Атина под вода, улиците на Крф и Миконос како реки (видео)

Силно невреме ја погоди Грција, стотици домови се поплавени во Атина, а има евакуација на островот Евиа, каде летово имаше големи пожари.

Спасувачите се подготвуваат да користат хеликоптери за да ги спасат луѓето заробени на покривите на зградите во поплавените и оддалечени области на северозападниот остров Крф, изјави министерот за цивилна заштита и климатски промени Христос Стилијанидес.

Google search engine

Нема сомнение дека се соочуваме со опасен временски феномен кој е многу сериозен во некои делови од земјата, рече тој.

На островот Евиа, најмалку три области погодени од шумски пожари беа евакуирани во август. Неколку десетици луѓе се евакуирани од домовите на северот на островот и ќе бидат сместени кај пријателите или во хотели обезбедени од регионалните власти.

Овогодинешните пожари во северниот дел на Евиа ја оставија областа подложна на поројни поплави.

Невремето денеска го погоди главниот град на Грција и други делови на јужна Грција, предизвикувајќи прекини во сообраќајот и затворање на патиштата.

Противпожарната служба доби повеќе од 300 повици за испумпување вода од поплавените домови, соопштија властите.

Десетици возила останаа блокирани на поплавените патишта, а луѓето во нив беа принудени да ги напуштат.

Силниот дожд исто така го наруши јавниот сообраќај, но летовите до меѓународниот аеродром во Атина не беа засегнати.

Владата издаде предупредувања на грчки и англиски јазик на мобилните телефони во погодените области, повикувајќи ги луѓето да избегнуваат непотребно движење во областите што може да бидат поплавени.

Училиштата во Атина, Евиа и регионот на северна Грција во близина на Солун утре ќе бидат затворени.

Времето се очекува да се подобри во сабота.