Драма во Кабул: Не доаѓајте на аеродром, напуштете го веднаш. Западните влади во паника: ИСИС планира терористички напад, прашање е на саати

Американската, австралиската и британската влада ги предупредија своите граѓани да не одат на аеродромот во Кабул поради закана од терористички напад, објавија агенциите во четвртокот кога се приближуваше рокот за евакуација.

Австралиското Министерство за надворешни работи денеска го ажурираше советот за Smartraveller со кој ги предупредува луѓето да не одат на аеродромот Хамид Карзаи, а оние што се во близина да се засолнат на безбедно место и да чекаат дополнителни совети.

Google search engine

Амбасадата на САД во Кабул се повикува на „закани по безбедноста пред да влезат на аеродром“ во ажуриран совет и ги советува граѓаните „да избегнуваат да одат на аеродром и да избегнуваат да влегуваат на аеродромот во овој момент, освен ако тоа не им го препорачаат американските владини претставници“.

Во предупредувањето понатаму се вели дека граѓаните кои веќе се на портите на аеродромот „треба веднаш да заминат“.

Британската канцеларија за надворешни работи, Комонвелт и развој (ФЦДО) даде сличен совет во средата вечерта.

Една недела и половина откако Талибанците го окупираа Кабул, можностите за воена евакуација од Авганистан брзо се затвораат, а американскиот претседател Џо Бајден се држи до плановите за повлекување на американските сили до 31 август.

Ако американските војници го напуштат аеродромот во Кабул, во држава под контрола на Талибанците, не може да се гарантира безбедност на аеродромот за понатамошна евакуација.

Ситуацијата е хаотична бидејќи толпи луѓе се собраа на аеродромот со надеж дека ќе можат да се качат на летот пред истекот на рокот.

Се повеќе западни земји сериозно предупредуваат на можноста за терористички напад на аеродромот во Кабул.

Секретарот на британските вооружени сили Xејмс Хејпеј рече дека заканата од терористички напад, поради што голем број западни држави издадоа предупредувања со сите кои се наоѓаат на аеродоромот во Кабул, е „многу кредибилна“.

Тој ја опиша заканата како многу сериозна и рече дека разузнавачките извештаи велат дека нападот може да се случи во секој момент. На прашањето дали нападот може да се случи во следните неколку часа, Хипеј само кратко одговори: „Да“.

Холанѓаните ја прекинаа евакуацијата од Кабул, а данскиот министер за одбрана рече дека повеќе не е безбедно да се лета во Кабул или од Кабул.

Талибанските чувари продолжуваат да ги штитат цивилите околу аеродромот во Кабул, изјави синоќа претставник на исламистичката група, додавајќи дека западните сили мора да го исполнат рокот за да ја завршат евакуацијата од Авганистан до крајот на месецот.

Нашите чувари, исто така, ги ризикуваат своите животи на аеродромот во Кабул и се соочуваат со закана од групата Исламска држава, рече официјалниот претставник, кој сакаше да остане анонимен.

Талибанските власти ветија дека ќе обезбедат безбедност надвор од аеродромот во Кабул, но извештаите на разузнавачките служби за непосредна закана од милитантите на Исламската држава не можат да се игнорираат, изјави синоќа дипломат на НАТО во главниот град на Авганистан.