Драма во Брисел: Американската амбасада издаде итно предупредување!

На социјалните мрежи се проширија закани за можен терористички напад на линиите два и шест на бриселското метро.

Откако на адресата на Европската комисија пристигнале две заканувачки пораки на руски јазик, службениците веднаш ја алармирале полицијата со цел навреме да реагира и да спречи евентуален напад.

Google search engine

Во споменатиот мејл пишува дека експлозиите ќе се случат на 8 март.

Полицијата утврдила дека и двата мејлови биле испратени од истиот човек, кој прво ја контактирал ЕК на 16 февруари, а потоа и на 3 март, пишува „Brussels Times“.

„Во светло на континуираната агресивна политика на ЕУ, со ова писмо ве предупредувам за големи терористички напади на територијата на ЕУ“, се вели во мејлот на руски јазик.

Image

Белгискиот национален кризен центар соопшти дека будно ја следат ситуацијата на терен.

Итно предупредување до граѓаните во меѓувреме најави и американската амбасада.

Во соопштението ги замолуваат граѓаните да избегнуваат гужви, да се трудат да бидат незабележителни, како и да ги следат локалните медиуми и навреме да се информираат за сè.