Драма во Белград: Агент на ЦИА вратен во Америка, бил “нападнат” од хавански синдром!?

ЦИА евакуираше човек кој работел како разузнавач во Србија и кој претрпе сериозни невролошки напади попознати како Хавана синдром, пишува белградски Блиц.

Според Б92, инцидентот на Балканот, за каков што порано немаше сознанија, е најнов во тој процес кој официјалните лица го опишуваат како постојано ширење напади врз американски шпиони и дипломати од страна на непознати напаѓачи кои се испратени во странство како владини претставници или научници и за кои се претпоставува дека користат некаков извор или вид на енергија.

Google search engine

Симптомите на синдромот, кои вклучуваа гадење, силни главоболки, болки во ушите, замор, несоница и летаргија, почнаа да се појавуваат во последните месеци, а некои жртви останаа неспособни за работа, споед тврдењата на тие дипломати. Серијата симптоми првпат се појавија во 2016 година кај американските дипломати во Куба, и оттогаш се забележани во Кина, Русија и, неодамна, Австрија. Имаше непотврдени случаи во Полска, Тајван, Грузија, па дури и во Вашингтон.