Драма со кошаркарите на НБА: Авион налета на јато птици, настрадаа моторите

На пат кон Мемфис, чартерот кој ги превезуваше кошаркарите на НБА тимот Utah Jazz, наиде на јато птици. Носот на авионот и моторите биле оштетени, но тие успеале да слетаат.

Тие требаше да одиграат НБА натпревар против Memphis Grizzlies рано наутро во четврток по средноевропско време. Но, веднаш по полетувањето на целиот тим на Utah Jazz со играчите и персоналот, во 13.15 часот по локално време, авионот налетал на јато птици.

Google search engine

Во таа неприлика настанала драма во воздухот и паника, а авионот бил значително оштетен. Играчите биле свесни што се случува, дури слушнале силна експлозија на левиот мотор и виделе блесок.

Пилотот успеал да го сврти авионот и по 25 минути слетал на аеродромот во Солт Лејк Сити.

За среќа, авионот успеа да слета. Сите се во шок, но тие се добро “, изјави портпаролот на клубот.

Патем, околу 40 пати на ден, авионите низ Соединетите држави наидуваат на јата од птици, најчесто за време на полетувањето, а годишната штета на авионите е повеќе од 400 милиони долари, но само во поединечни случаи предизвикува вакви сериозни проблеми.