Драма по големото јадранско дерби во Риека: Шефот на обезбедување на Хајдук нокаутираше член на навивачката група Армада (видео)

Хајдук дојде до драматична победа во Риека, со гол во осмата минута од судиското продолжување.

Фудбалерите на сплитски Хајдук дојдоа до драматична победа во 100. јадранско дерби, совладувајќи ја домашната Риека со 3:2 во одличен натпревар во Рујевица, со гол во осмата минута од судиското продолжување.

Google search engine

Сепак, на крајот од мечот дојде до тепачка на теренот, па мораа да интервенираат двајца играчи на домашната екипа за да се смири ситуацијата.

Припадник на популарната навивачка група Армада заврши на тревата откако доби удар. Тој наводно сакал да „разговара“ со играчите на Хајдук, но не можел да дојде до нив.

Ударот го доби од шефот на обезбедувањето на Хајдук, а сето тоа се случуваше додека сплитските играчи со навивачите ја славеа победата.