ДРАМА НА ШАР ПЛАНИНА: Најдена изгубена група планинари од Чешка, еден е повреден

Во Регионалниот центар за управување со кризи во Тетово вчера во 18.30 часот пристигнал повик од чешки планинар кој бил на Шар Планина во реонот на месноста Лешница. Тој ги алармирал службите дека има изгувена група планинари на Шара. Од Центарот за управување со кризи информираат дека по повикот, Регионалниот центар за управување со кризи организирал и координирал акција за спасување на еден повреден планинар и за пронаоѓање на целата група од 7 планинари дојдени од Чешка, изгубени во планината. Групата планинари била најдена два часа подоца, во 20.25 часот, а повредениот планинар имал скрешеница на раката, соопшти Центарот за управување со кризи.

-РЦУК Тетово, заедно со субјектите од Системот за управување со кризи (СУК) коишто во моментот можеле брзо да реагираат, биле во постојана комуникација и се координирале за да ги искористат сите можности за да се спасат планинарите заедно со повредениот, пред настапот на ноќта. Активностите се одвивале паралелно од повеќе субјекти. Додека дел од припадниците, конкретно пожарникарите на Територијалната противпожарна единица ТППЕ Тетово и полицајците на СВР Тетотво, кои први – веднаш при првиот контакт, тргнале да ги бараaт планинарите на непристапниот дел од планинскот регион, возилото од Брзата помош од Тетово, со помош на другите субјекти и РЦУК Тетово (по определување на координатите на теренот согласно и според последните јавувања на изгубените планинари) се доближило на можната најблиска точка за средба за да се згрижи повредениот планинар до непристапниот терен, согласно проодноста на планинските патишта. На задоволство на сите ангажирани од РЦУК Тетово и СУК, планинарите се пронајдени, извлечени од планината, а повредениот планинар, со скршеници на раката, е згрижен – се вели во соопштението на ЦУК.