Драги Рашковски на својот Фејсбук ја објави оставката во која пишува дека се повлекува од функцијата Секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Влада на Република Македонија.
На социјалните мрежи објави писмо кое го упатува до премиерот Зоран Заев, во кое објаснува зошто дава оставка.
– Кога политиката, политиканството ќе станат погласни од природните науки, тогаш работната атмосфера станува непогодна за некој кој е научен во се да ја бара логиката, пишува тој во писмото.
Освен зачувувањето на интегритетот и достоинството, причината за неговото повлекување се и актуелните случувања и според него лажните вести, кои вели дека треба да се проверат преку институциите.
Погледнете го писмото: