Досега не е забележан ваков пад на пазарот на телефони

Истражувањето на „IDC Smartphone Tracker“ бележи славен рекорд кога станува збор за испораките на телефони.

Во текот на четвртиот квартал од 2022-ра година, глобалната испорака на паметни телефони падна за 18,3 отсто, со испорачани 300,3 милиони уреди, се вели во извештајот.

Google search engine

Сите пет најголеми брендови на пазарот на телефони забележаа двоцифрени загуби на годишна основа во однос на четвртиот квартал од 2021-ва година. Споменатите резултати претставуваат најголем тримесечен пад од 2013-та година.

Вкупно 1,21 милијарди телефони беа испорачани во цела 2022-ра година, во споредба со 1,36 милијарди испорачани во 2021-ва година.

Во текот на четвртиот квартал, „Apple“ ја предводеше испораката со 72,3 милиони испорачани „iPhone“ модели и пазарен удел од 24,1 отсто.

Следи „Samsung“ со испорачани 58,2 милиони телефони (19,4% удел на пазарот), а потоа и „Xiaomi“ со испорачани 33,2 милиони телефони. На четврто и петто место се „Oppo“ и „Vivo“.

Аналитичарите на „IDC“ сугерираат дека зголемената инфлација е главната причина за падот на испораките на телефони, како и помалата потрошувачка.

Покрај тоа, корисниците сега повеќе се држат до постарите уреди, така што циклусот на тргување и купување сега се зголеми на 40 месеци (3,3 години) за некои корисници.