Домашни бонбони кои смируваат кашлица и воспалено грло, помагаат при настинка и грип

Ако ги растворите овие бонбони во топла вода, ќе добиете вкусен и лековит напиток…

Состојки

Google search engine

– 1/2 шолја мед

– 2 лажици лимонов сок

– 1 лажица рендан ѓумбир

Подготовка

Помешајте го медот, лимоновиот сок и ренданиот ѓумбир, загрејте ја смесата на оган додека да запени па тргнете го садот од оган и мешајте додека да исчезне пената. Вратете го садот на оган и загрејте повторно, па повторете ја постапката неколку пати.

На крајот, тргнете ја смесата од оган и мешајте ја се додека не стане млака, па истурете ја на хартија за печење и оставете ја да се олади. Искршете ја стврднатата смеса на мали парчина со големина на бонбони, а со цел да не ви се лепат добиените бонбони напрашете ги со шеќер во прав. По желба можете да додадете и витамин Ц во прав.

ПретходнаСе развива вакцина против коронавирус која ќе се прима орално, резултатите се ветувачки
СледнаАнкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ со 5 % предност пред СДСМ