Домашна руска медицина: Доктор советува како на природен начин да ги зајакнеме белите дробови и имунитетот

Рускиот доктор Евдокименко советува зајакнување на имунитетот и јакнење на белите дробови, со оглед на тоа што коронавирусот примарно ги напаѓа белите дробови, а еве како да го направите тоа.

Овој доктор смета дека животинските масти се неопходни за целосно функционирање на белите дробови. Не растителните масти, туку животинските поради тоа што белите дробови се орган кој што зависи од мастите и доколку ги немате во доволна количина, а особено доколку сте на диета која што подразбира скратување на внес на масти, тогаш тоа не е добро за вашето здравје, тврди докторот.

Google search engine

Поради тоа овој доктор советува да јадете од 20 до 30 грама путер дневно или пак свинска маст.

Доктор Евдокименко советува да го зајакнете имунитетот и со помош на сок од алое.

Доколку се појави кашлица, докторот вели да консумирате сок од алое, мед и путер. Треба сите состојки да ги измешате и да добиете смеса која што ќе ја јадете по 1 до 2 лажици три пати дневно. Сето тоа користете го од 3 до 5 дена.

Доколку од некоја причина не можете да консумирате сок од алое, тогаш за превенција може да пиете чиста вода, а најдобро е таа да биде топла.

Познато е дека стравот и стресот го намалуваат имунитетот, поради тоа докторот советува да внесувате помалку негативности во вашиот живот и да се опуштите колку што е можно повеќе, а истакнува дека здравиот сон е неопходен за сите.