Домашен сируп кој ги „брка“ болестите и го јакне имунитетот

Домашниот сируп за подобрување на имунитетот се пие во разладен чај, за да се искористат сите благодети на медот кој е чувствителен на висока температура.

Куркумата, ѓумбирот и медот спаѓаат во самиот врв на најмоќни природни лекови кои го зајакнуваат имунитетот и го намалуваат ризикот од разни болести, а освен лековитите својства, тие се привлечни и поради нивниот вкус.

Реклама

Свежата куркума не е достапна насекаде, но може да се набави во продавница за здрава храна. Се препорачува во комбинација со црн бибер кој го поттикнува нејзиното делување.

За да го подготвите овој домашен „магичен напиток“ за здравје, ви се потребни и портокали и лимони, како и органски јаболков оцет. Сирупот консумирајте го со чаша вода или чај и чувајте го во фрижидер.

Потребни состојки:

– 2 помали шолји мед

– 5 цм. корен од ѓумбир

– 5 цм. корен од куркума

– 1 лажичка куркума во прав

– 1 органски лимон

– 1 органски портокал

– 1/3 шолја органски јаболков оцет

– 1 прстофат црн бибер

Начин на припрема:

1. Добро измијте ги лимонот и портокалот, исцедете ги, а куркумата и ѓумбирот излупете ги и изрендајте ги.

2. Ставете го јаболковиот оцет во сад и помешајте го со сокот од лимон и портокал.

3. Изрендајте ја кората од овошјата, па додајте ја заедно со останатите состојки и добро измешајте.

4. Оставете да отстои преку ноќ во фрижидер, а следниот ден процедете низ цедалка.

Сирупот може да се додава во чај или да се пие помешан со вода. Ако го додавате во шолја чај, внимавајте тој да не биде многу врел за да можете да ги искористите благодетите на медот.

Реклама