Овој домашен лек од црвен кромид ќе ви помогне да се ослободите од упорната кашлица и да го подобрите здравјето на белите дробови.
Многу луѓе имаат различни проблеми со белите дробови, а најчестите се астма, бронхитис и различни облици на кашлица. Проблемите со белите дробови можат бидат предизвикани од разни инфекции, алергии и нормално со пушењето.
Еве што ви е потребно:
– половина килограм црвен кромид
– половина килограм шеќер
– 2 лимони
– 1,5 литри вода
– 7 големи лажици домашен мед
Шеќерот во метален сад на умерен оган полека загревајте го и мешајте додека не порумени, додадете го ситно исецканиот кромид, кратко пропржете и додадете ја водата. Смесата варете ја така што водата умерено ќе врие, се додека не испари 1/3 од водата. Потоа оставете ја смесата да се олади, додадете го сокот од исцедените лимони и медот и се добро измешајте. Оставете ја смесата да отстои, а потоа процедете ја од парчињата кромид и ставете ја во стаклено шише.
Потребно е да консумирате 1 супена лажица од овој напиток пред секој оброк додека не ја потрошите целата количина. По потреба направете нова смеса и повторете ја постапката додека не ви се подобри состојбата.
Напомена: При консумацијата на природни лекови задолжителна е консултацијата со лекар.