Славната русокоса во неделата се венчала, а венчавката била изненадување за јавноста.
Гвен Стефани (52) во неделата се венчала со Блејк Шелтон (45). Фотографиите од венчавката ги споделила на социјалната мрежа Инстаграм, а со тоа ги изненадила фановите поради тоа што не најавила дека тоа би се случило.
View this post on Instagram
Венчавката се случила на нивниот имот во Оклахома, а Гвен блескала во венчаницата со потпис на „Verа Wang“.
Велот кој го носела Гвен го покажала на Инстаграм, а посебен е по тоа што на него се извезени имињата на Гвен Стефани, Блејк и децата на Гвен.
„Соништата навистина се остваруваат“, напишала Гвен покрај фотографијата.
Гвен блеска од среќа и судејќи по сè очигледно го нашла човекот на својот живот, а потрагата по него траела цел нејзин живот. Тоа ѝ донело страдање, а првата нејзина љубов бил колега од бендот „No Doubt“, Тони, со кој била во врска од 1987 до 1994 година.
„Само гледав во Тони и го молев Бог да ми подари можност со него да имам дете“, открила таа во едно интервју, а по нивното раскинување за малку и бендот ќе се распаднел.
Нивното раскинување било бројна инспирација за многу од хитовите на бендот, како што се „Don’t Speak“, „Sunday Morning“, „Hey You“, а нејзината соло песна „Cool“ зборува токму за тоа како тие и покрај многуте работи успеале да останат пријатели.
Гвен низ животот имала малку партнери, а со сите нив таа имала сериозни и долги врски, но сепак на крајот се разделувале.
По болното раскинување со колегата, следел бракот со Гевин Росдејл за кој на крај се докажало дека долго време ја изневерувал со дадилката.
Гевин постојано ја изневерувал Гвен, вклучувајќи го и периодот кога таа била бремена со нивното трето дете.
„Мојот живот во еден момент се распадна, но сега го живеам новиот живот и прекрасно е“, изјавила Гвен.