Доктор препорачува – доколку сакате здраво срце, исфрлете ги од исхраната

Кардиологот Фриман открива кои намирници влијаат лошо по нашето здравје, тој исто така нагласува колку храната е важна за здравјето на целиот организам, па така и за срцето.

Доколку сакате да го намалите ризикот од кардиоваскуларни болести оваа храна не треба да ја консумирате или пак треба да ја сведете на минимум.

Google search engine

Сланина, колбаси и останато преработено месо

Хајес е вегетаријанка. Пред 25 години престанала да јаде животински белковини, а и претходно избегнувала преработено месо кое е богато со калории, заситени маснотии, соли и други дополнителни состојки.

СЗО утврди дека почестото консумирање преработено месо може да предизвика многу болести, истакнал Фриман.

Чипс од компир и останати преработени работи

Не консумирајте често чипс зошто тој е преполн со јаглехидрати, советуваат докторите. Фриман вели дека се согласува со многу од нутриционистите дека јаглехидратите кои се наоѓаат во чипсот, лебот и крекерите создаваат проблеми.

Десерти

Уживањето во дополнителните шеќери во ограничени количини не е штетно, вели Фриман. Што се однесува до слатките како сладолед, бонбони, тој советува дека треба да се јаде по едно од нив неделно.

Премногу протеини

Неретко се случува луѓето кои консумираат двојно повеќе протеини отколку што е потребно за еден ден, со тоа ги оптоваруваат бубрезите и може да се предизвикаат разни проблеми.

Брза храна

Иако некои од рестораните брзата храна ја нудат и како здрав оброк, докторите се согласни дека таа не е идеален избор.

Енергетски пијалаци

Фриман вели дека треба да се избегнуваат пијалаци кои содржат дополнителни шеќери, плус состојки кои потенцијално можат да предизвикаат проблеми како висок крвен притисок или аритмија.

ПретходнаОд денеска нема полициски час, дозволени се веселби и настани на отворено
СледнаНов данок за граѓаните: Ќе плаќаме еколошка такса од 3,5 денари за секој литај гориво