Српскиот претседател Александар Вучиќ се осврна на актуелната состојба во светот и војната во Украина.
– Знам што не чека. Во моментот кога Владимир Путин ќе ги заврши работите во Северск, Бахмут и Соледар, потоа на втората линија Славјанск-Краматорск-Авдеевка, ќе следи неговата понуда. Ако Западот не ја прифати понудата, ние ќе одиме по ѓаволите, а тие нема да ја прифатат – изјави Вучиќ при гостувањето во Пинк.
Вучиќ рече дека целиот западен свет води војна против Русите преку Украинците и дека тоа е речиси глобален конфликт.