Доколку Украина не влезе во НАТО, од натовци ќе добие…

Група земји на НАТО можеби ќе бидат подготвени да стават војници на терен во Украина доколку Алијансата не му даде опипливи безбедносни гаранции на Киев на самитот во Вилнус, изјави поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Расмусен, пишува Гардијан.

Некогашниот генсек на НАТО има важна мисија. Тој ја прошета Европа, а беше и во Вашингтон за да опипа дали пред самитот овој јули има расположение Украина да влезе во НАТО или барем да бидат дадени некакви гаранции.

Google search engine

– Мислам дека Полјаците сериозно би размислиле да влезат и да соберат коалиција на подготвени земји ако Украина не добие ништо во Вилнус. Не треба да ги потценуваме полските чувства, Полјаците чувствуваат дека предолго западна Европа не ги слушаше нивните предупредувања против вистинскиот руски менталитет – објаснува Расмусен.

Но, какви гаранции би можела да добие Украина, а тоа да не е членство во НАТО?

Расмусен рече дека е клучно Украина да добие писмени безбедносни гаранции, по можност пред самитот, но надвор од рамките на НАТО. Тие треба да го опфатат споделувањето разузнавачки информации, заедничката обука за Украина, зголеменото производство на муниција, интероперабилност со НАТО и снабдувањето со оружје доволно за да ја одврати Русија од понатамошен напад.

Тој рече дека „по бавниот почеток, моментумот сега се гради зад овие идеи“, вклучително и во Франција. Францускиот претседател Емануел Макрон во неодамнешна изјава посочи дека гаранциите би можеле да бидат од типот на гаранциите кои ги доби Израел.

Германија пак, останува претпазлива да не оди предалеку, плашејќи се дека тоа ќе ја испровоцира Русија.

На овој „пат за Украина“ се противи и Унгарија.

Сепак, Расмусен предупреди дека безбедносните гаранции нема да бидат доволни. Тој вели дека мора да ѝ се понуди некаков пат за членство на Украина, макар и тоа да биде надеж дека земјата ќе биде повикана во Вашингтон идната година и истиот пат да не биде условуван како што беше со случајот со Финска и Шведска.

Во спротивно, смета тој, ако се водиме по аргументот дека Украина не треба да добие членство дури трае војната, ова може да го искористи Владимир Путин за да стави вето на ситуацијата.

Плусинфо веќе пишуваше дека Зеленски го зголеми притисокот врз НАТО пред самитот во Вилнус и нема да прифати статус-кво по ова прашање.

Останува да се види дали Украина ќе добие „датум“ или „датум за датум“