Доколку Кина нè нападне сите ќе платат висока цена, предупреди Тајван

Тајванскиот министер за одбрана Чиу Куо-Ченгпредупреди дека и Кина и Тајван ќе платат висока цена доколку Пекинг се обиде да организира инвазија врз тајванскиот остров слична на руската. Говорејќи пред новинарите пред седницата на тајванскиот парламент на која ќе се расправа за руската инвазија на Украина, Чиу рече дека „ако избие војна, сите ќе бидат губитници , дури и победниците“, објави Би-Би-Си.

Смирено го следиме развојот на настаните и соодветно се подготвуваме, додаде тој.

Google search engine

Руската инвазија на Украина доведе до стравувања во Тајван дека би можел да се соочи со слично сценарио. Тајван се гледа себеси како независна нација со своја влада, но Кина го смета островот за отцепена провинција и најавува дека ќе го врати под кинески суверенитет и кинеските граници .

Минатата недела фразата @Украина денес, Тајван утре!” почна да се шири на тајванските социјални мрежи. Додека властите го зголемија нивото на тревога, претседателот Цаи Инг-вен порача дека постојат „фундаментални разлики“ меѓу конфликтот во Украина и ситуацијата меѓу Кина и Тајван.