Дојче Веле: Највисока инфлација во последните 13 години – поскапува животот во еврозоната

Инфлацијата во еврозоната е во постојан раст – таа во септември била на највисоко ниво во последните 13 години.

Цените во септември годинава биле за 3,4 отсто повисоки во споредба со истиот месец минатата година, соопшти Евростат. Тоа значи највисока инфлација во последните 13 години.

Google search engine

Особено зголемување на цените во септември има кај енергијата, која е за цели 17,6 отсто поскапа отколку во септември 2020 година. Цените на индустриските добра пораснале за 2,1 отсто, а животните намирници чинеле 2 отсто отколку пред една година.

Услугите, пак, бележат зголемување од 1,7 отсто.

Европската централна банка прави напори инфлацијата среднорочно да изнесува околу 2 отсто. Според ЕЦБ, сегашниот раст на инфлацијата е само привремен и се должи на многу посебни услови, од кои најголем дел се поврзани со пандемијата.

 Психолошкиот ефект може и натаму да ја зголемува инфлацијата  

Стравот на фирмите и потрошувачите од висока инфлација би можел и натаму да влијае врз зголемување на инфлацијата, се оценува во новата студија на Германскиот институт за економски истражувања (ДИВ). Институтот вчера соопшти дека класичните поттикнувачи на инфлацијата, како притисокот за плати, потрошувачката и производствените трошоци во моментов се главно умерени и делуваат само привремено.

„Меѓутоа, ризик произлегува од очекувањата во врска со инфлацијата кои би можеле да ја поттикнат спиралата плати-цени“, оценува ДИВ.

Целосниот текст прочитајте го на следниот ЛИНК.

- АУДИО РЕКЛАМА -