„Дојче веле“: Дали „бугарска трага“ води до експлозија на Керчкиот мост?

Дали камионот и експлозивот за кој се верува дека ја предизвикале експлозијата на мостот над Керчкиот теснец дошле од Бугарија? Москва покрена сериозни обвинувања кои ја разбрануваа бугарската внатрешна политика.

„Веќе ја знаеме трасата на камионот, во кој се случи експлозијата. Тоа е: Бугарија, Грузија, Ерменија, Северна Осетија и регионот Краснодарск.“ Со ова соопштение, во разговор со претседателот Владимир Путин, Александар Бастрикин, претседател на Истражниот комитет на Руската Федерација, предизвика мал земјотрес во Бугарија. Бидејќи Бугарија е единствената членка на НАТО и на ЕУ на оваа листа, а исто така, и наводна почетна точка на камионот користен како подвижна бомба, кој експлодирашена 8 октомври 2022 година на мостот од руското копно до пристанишниот град Керч, на украинскиот полуостров Крим, окупиран од руските трупи.

Google search engine

Оттогаш, дебатите ескалираа. Се зборува дека има сосема нова „бугарска трага“. Загрижени погледи се насочени од Софија кон Москва: дали Кремљ сака да ја обвини Бугарија за непријателски чин? Може ли земјата да биде директно вовлечена во војната? И дали постои врска меѓу новите наводи и двете експлозии во бугарски фабрики за оружје во август и во септември 2022 година? Досега, единствено е сигурно дека има многу малку сигурни факти и многу пропаганда.

Наводната маршрута на камионот-бомба кој експлодирал на Керчкиот мост на 8 октомври 2022

Како прво: на типичен начин за Кремљ, ниту претседателот на истражниот комитет Бастрикин ниту претседателот Путин не дадоа докази или потврда за бугарско потекло на камионот-бомба. Истото важи и за наводните „руски и странски“ организатори на нападот. Поради тоа, Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за надворешни работи Жозеп Борел, на 10 октомври 2022 година јасно стави до знаење дека ЕУ нема доверба во руските информации за експлозијата на Керчкиот мостот. Во никој случај не е утврдено дека камионот навистина тргнал од Бугарија.

Реакција од Софија

Со два дена задоцнување, на 11 октомври 2022 година, привремениот бугарски премиер Галап Донев, исто така, ја отфрли бугарската вмешаност во експлозијата. Тој истовремено, вети детална истрага за наводниот камион, но посочи: „Информациите што ги имаме не се веродостојни. Досега Бугарија се споменуваше само како географска точка на трасата на камионот. Ништо повеќе.“

Преодната влада во Софија претходно ѝ наложи на бугарската контраразузнувачка служба да ја провери руската верзија за трасата на камионот. Но, за ова Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) е упатена на информациите од Москва. Тешко е да се процени дали ќе добие информации и колку тие се веродостојни: „Сите информации од Русија тешко можат да се проверат, како за маршрутата, така и за камионот или пак за експлозивот. Тоа може да се направи само со испитување на остатоците на лице место“, објаснува за ДВ Тихомир Безлов, експерт за безбедност во тинк-тенк Центарот за проучување на демократијата во Софија.

Бугарскиот безбедносен експерт Тихомир Безлов

Зошто Бугарија?

Ако наводите на Москва за трасата на камионот се точни, се наметнуваат две прашања: Зошто камионот тргнал токму од Бугарија? И дали Москва сака да сугерира дека и експлозивот потекнува од Бугарија и бил пренесен оттаму? „Тоа во секој случај има смисла“, објаснува Тихомир Безлов. „Бугарија има најмногу транспортни компании, камиони и возачи во цела Европа. Ако украинските тајни служби сакале да најдат отфрлено возило овде, лесно ќе нашле банкротирана шпедиција“.

Камионот можел да биде пренесен од Бугарија со неделниот траект од црноморското пристаниште Бургас до Батуми во Грузија. А експлозивот? „Би бил преголем ризик да бил натоварен на камионот на почетокот на патувањето. Многу е поверојатно тоа да се случило во Грузија или дури и во самата Русија“, објаснува експертот за безбедност Безлов. Тој, исто така, не сака да верува дека експлозивот е од бугарско потекло: „Речиси е невозможно некој во Бугарија да купи, шверцува и извезе неколку стотици килограми експлозивен материјал без тоа да го забележат бугарските, западните, а веројатно и руските безбедносни служби“.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.

- АУДИО РЕКЛАМА -