Додека нејзиното момче минува низ тежок развод, таа заведува топлес на плажа

Ирина Шајк на социјалната мрежа Инстаграм објавила фотографија на која го носи само долниот дел од бикинито и потпетици.

Манекенката Ирина Шајк (35) уште еднаш ја оправда титулата за најсексапилна жена на светот.

Google search engine

Атрактивната Русинка на сoцијалната мрежа Инстаграм објави фотографија од своето ново модно снимање на кое позира на плажа само по жолта танга и сандали со висока потпетица, а со своите раце ги покрила градите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irinashayk (@irinashayk)

Фотографијата за само неколку часа добила многу лајкови, а обожавателите ѝ коментирале дека нема конкуренција кога станува збор за убавината.

Инаку, неодамна се дозна и дека Шајк го љуби раперот Канје Вест (44) со кој била „уловена“ на романтичен одмор во Франција.

Манекенката така се најде среде бракоразводната парница на Канје и реалити ѕвездата Ким Кардашијан (40).

Инаку, Ирина пред Вест беше во брак со холивудскиот актер Бредли Купер (46), а многумина беа изненадени поради нивното раскинување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irinashayk (@irinashayk)

Ирина и Бредли започнале да се забавуваат во 2015 година, а две години подоцна ја добија и ќерката Леа.

Манекенката со Купер раскина во 2019 година кога се шпекулираше дека тој е заедно со пејачката Лејди Гага со која го сними филмот „A Star Is Born“.