Доаѓа нов начин на полнење на телефонот, еве за колку брзо ќе имаме полна батерија

Брзината на полнење на батеријата наскоро ќе достигне ново ниво, а се очекува да се зголеми и капацитетот на батеријата кај телефоните.

Производителите почнаа да создаваат, а некои веќе планираат да имплементираат нови технологии за брзо полнење на батериите. Наскоро не чекаат полначи со моќност до 300W.

Google search engine

Во претстојниот период, компаниите „OnePlus“, „Realme“, „Oppo“ и други треба да имплементираат брзо полнење на батеријата од 300W на своите телефони.

Покрај зголемувањето на брзината на полнење, очекуваме и поголем капацитет на батеријата. Така, многу производители ќе користат батерии од 5500 mAh наместо сегашните 5000 mAh.

Тоа е серијата „OnePlus 12“ која може да донесе брзина на полнење на батеријата од 300 W, што значи дека теоретски телефонот треба да се полни од нула до 100% за 10 минути или помалку.

Останува да видиме дали производителите ќе работат и на подобрување на времетраењето, односно животниот век на батериите и нивните перформанси.