До темел изгоре куќа во општина Кисела Вода, семејството остана без покрив на глава: „Домот е столб на хармонија и среќа така да, ќе го изградиме повторно“

Во пожар кој избувнал синоќа до темел изгоре куќата на семејството Атанасовски во скопската општина Кисела Вода.

На местото на настанот, како што информираа од општина Кисела Вода бил и градоначалникот на општината Орце Ѓорѓиевски заедно со отецот Оливер од хуманитарната организација „св. Спас“.

Google search engine

Градоначалникот на општина Кисела Вода на својот Фејсбук профил синоќа објави:

„Предмалку добив потресна вест, каде што домот на мојот сограѓанин Тони Атанасовски е опожарен до темел.

Траорна ситуација, тажна и далеку потресна.

Во наредниов период сите хумани сили ќе ги насочиме кон негова помош.

Повторно ќе го изградиме домот на Тони.

Ја разбирам неговата болка и затоа започнуваме заедничка иницијатива со отец Оливер, a воедно ги повикуваме и сите општествено одговорни компании и фирми од Кисела Вода да се вклучат и да помогнат, за да овој наш сограѓанин не ја почувствува празнината за овие празници, туку да му помогнеме и да го направиме среќен.

Вечерва не го оставивме под отворено небо и веднаш го сместивме на топло.

Моите граѓани во Кисела Вода се мое семејство и мораме да си помогнеме!

Домот е столб на хармонија и среќа, така да ќе го изградиме повторно!“.

 

 

- АУДИО РЕКЛАМА -