Дмитриј Рогозин, поранешен генерален директор на државната корпорација Роскосмос, шеф на групата воени советници Царски вукови, е повреден во гранатирањето на хотел во Доњецк.
“Бев ранет во грбот. Ќе преживеам, рекол Рогозин.
Според неговите зборови, гранатирањето било извршено со прецизно наведувана муниција, најверојатно од самоодната артилериска единица „Цезар“ калибар 155 милиметри.
За време на гранатирањето беа ранети и неколку лица од неговата придружба,пренесе Телеграф.рс.