ДКСК за набавката на вакцините: Сето ова ја нарушува довербата на граѓаните во институциите

Билјана Ивановска од ДКСК во своето гостување во Студио 10 на телевизија 24 зборуваше за скандалите поврзани со набавка на вакцини и министерот Венко Филипче каде посочи дека со ова се покажало дека постои неорганизиран процес околу набавката на вакцини од страна на власта. Според неа сето ова ја нарушува довербата кај граѓаните во институциите.

„Не изненадија овие настани и информации од утрово односно повторно се наоѓаме во ситуација односно да видиме дека нашиот систем  не функционира, дека постои неорганизиран процес на набавка, дека начинот за набавка на вакцини не е прецизно утврден, ризиците од корупција повторно доаѓаат на високо ниво дотолку повеќе што гледаме дека се набавува од приватни фирми, не се користат стандардните државни  канали за набавка на вакцини. Сето ова ја нарушува довербата, на ваков начин извршување на овие  активности  ја нарушува довербата на граѓаните во институциите, кажа таа.

Google search engine

Ивановска во своето гостување потенцираше дека во последно време многу се зголемиле бројот на вакви случаи.