Дискотеките и ноќните клубови во Бугарија од денес почнуваат со работа

Ноќните клубови, дискотеките и баровите во Бугарија ќе бидат отворени денес. Тие можат да работат под строги безбедносни мерки, дозволувајќи употреба на најмногу до 50 отсто од нивниот капацитет.

Ова е уште еден чекор на патот кон ублажување на ограничувањата против ширењето на коронавирусот во Бугарија. Откако на 1 април вратите ги отворија сите објекти што се можат да работат на отворено, а на затворените делови од рестораните им беше дозволено да работат на 12 април, но повторно со ограничено работно време и капацитет. Салите за игри на среќа и казината се исто така отворени од 16 април.

Google search engine