Директорот на Фајзер: Тие луѓе се криминалци и одговорни за смртта на милион луѓе!

Извршниот директор на компанијата Фајзер, Алберт Бурла, за смртта на милион луѓе ги обвини оние кој шират дезинформации за вакцините против Ковид-19, кои ги произведува неговата компанија.

Тој исто така додаде дека светот ќе се врати во нормален живот само кога сите ќе бидат вакцинирани.

Google search engine

Говорејќи пред Атлантскиот совет, Бурла изјави дека многу мала група на луѓе шири дезинформации за вакцините против Ковид-19, вклучувајќи ја и вакцината на неговата компанија, Фајзер.

Овие луѓе се криминалци – изјави директорот на Атланскиот совет, Фредерик Кемп.

Неговите зборови помалку потсетуваат на она што го изјави американскиот претседател Џо Бајден, кога ги обвини социјалните мрежи за убивање на луѓе во текот на летото, дозволувајќи им на скептиците и антиваксерите да ги користат тие социјални платформи.

Иако Бајден подоцна го повлече она што го изјави, тој продолжи да тврди дека лажните информации се одговорни за многу од смртните случаи.

Единственото нешто што го попречи нормалниот начин на живот со сегашниот начин на живот е, искрено, е двоумењето околу вакцинацијата, изјави Кемп.

За потсетување, Светската здравствена организација (СЗО) и Американскиот центар за контрола и превенција на болести (CDC) ја прогласија вакцината Фајзер за ефикасна.

- АУДИО РЕКЛАМА -