Извршниот директот и коосновач на компанијата „Бионтек“, Угур Сахин, смета дека поради бројните мутации на коронавирусот, до средината на следната година ќе бидат потребни нови вакцини.
Сахин оценува дека со текот на времето ќе се појават мутации кои можат да избегнат имунолошка одбрана на организмот.
Тој вели дека бустер дозите се во состојба да се спротивстават на главните варијанти, но дека на крајот ќе се развијат мутации кои можат да избегнат имун одговор зголемен со вакцинацијата поради што ќе биде потребно да се развие посебна вакцина наменета за одредени варијанти.
Челникот на компанијата која во соработка со американски Фајзер ја произведе првата вакцина против Ковид-19, за „Фајненшл Тајмс“ изјавил дека варијантите кои моментално се во циркулација, особено делта сојот, е позаразен, но и дека го намалуваат ефектот на вакцините кои сега се користат.
„Оваа година нови вакцини апсолутно не ни требаат, но кон средината на наредната година може да се најдеме во друга ситуација“, предупредил Сахин.
Тој исто така порачал и дека вирусот ќе остане и, и натаму ќе мутира.
„Нема причина да претпоставуваме дека со следната генерација вируси ќе се бориме полесно отколку со овој. Ова е континуирана еволуција и таа еволуција штотуку започна“, изјавил Сахин.