Наредните седмици „Samsung“ ќе ја претстави новата серија на „Galaxy“ телефоните – „Z Fold 3“ и „Z Flip 3“.
Компанијата „Caviar“ очигледно дека не губи време и веќе најавила луксузни уреди, украсени со дијаманти, сафири, рубини и бело злато (18-каратно).
Во дизајнот на телефоните доминираат мотиви од мексиканскиот муралист Диего Ривера, сопругот на популарната сликарка Фрида Кало.
„Ragnarok Z Fold 3“ чини 10,770 долари и ќе биде изработен во 99 примероци, додека пак „Z Flip 3“ достигнува цена од неверојатни 46.460 долари, а од истиот ќе бидат направени само 20 примероци.
Погледнете го видеото: