Девојката на тенисерот Томиќ: Mе киднапираа и злоставуваа

„OnlyFans“ ѕвездата Ванеса Сиера, која во последните месеци е во врска со австралискиот тенисер со хрватски корени, Бернанд Томиќ, на Инстаграм признала дека има трауматично минато.

Ѕвездата на ријалити шоуто „Love Island“ се присетила дека на 15 години немала ни дом ни храна.

Реклама

„Иако е тешко да се поверува, мојот живот и животната приказна ја чував во тајност. Живеев на улица на 15 години, без дом, со денови не јадев. Не можев да добијам социјална помош бидејќи бев премала за да бидам бездомник. Ме киднапираа зависници, ме злоставуваа и ме запоставуваа“, открила таа.

Додала дека и покрај сето тоа изградила убав живот и дека сака да им помогне на другите кои поминуваат низ истото.

„Ми беше тешко, но имав среќа, па ако можам да му помогнам и да му го разубавам Божиќ некому, тоа би ми ја поправило сликата за годинава“, напишала таа.

Додала дека досега донирала конзола за игри на момче кое останало без својата мајка, вештачки колк на кучето Мус и уште неколку работни чизми и ѝ платила партиципација за училиште на една личност.

Додала дека ќе продолжи да подарува до Бадник и ги замолила сите да тргнат по нејзиниот пат.

Врската со Томиќ ја објави во ноември, а тој се појавил и на нејзиниот „OnlyFans“ профил.

„Тоа беше негова идеја, не го наговорив јас. Само одлучи еден ден да се појави таму“, рекла таа.

Реклама