Џулијана Нала, девојката на Канје Вест, привлекла внимание со својот стајлинг.
Бразилскиот модел Џулијана Нала привлекла внимание на улиците на Калифорнија кога излегла од некој луксузен ресторан. Манекенката не била во друштво на 21 година постарото момче, контроверзниот рапер Канје Вест, но привлекла огромно внимание кај минувачите. За тоа очигледно ѝ бил потребен „само“ провокативен стајлинг.

Атрактивната убавица облекла црни, широки фармерки, „оверсајз“ јакна и чевли на висока потпетица, а никој не очекувал дека под јакната носи „маица“, доколку тоа модно парче може да се нарече така.
Кога се свртела и застанала пред фоторепортерите, Џулијана го покажала парчето материјал кое одвај ѝ ги покривало градите.
Сепак, бразилскиот модел може да се пофали со својот совршено извајан стомак, а на социјалните мрежи веќе почнале да се нижат коментари.

Додека посилниот пол се прашува како Џулијана изгледа во ова издание кога ќе ги крене своите раце, жените ја фалат нејзината смелост и модното играње со облеката.

Да ве потсетиме, Џулијана е родена во Рио де Жанеиро, а живее во Лос Анџелес. Соработувала со модните агенции „Mix Models“, „MGM Models“ и „Elite Model Management“ чиј член станала на само 19 години кога се преселила во Лос Анџелес.
