Девојката на Илон Маск ја покажа чудната тетоважа: „Сега имам прекрасни вонземјански лузни“

Грајмс, девојката на Илон Маск, ја покажа најновата тетоважа за која што тврди дека се лузни од вонземјани.

Тетоважата за која што Грајмс тврди дека е од „вонземјанско“ потекло, го покрива нејзиниот цел грб.

Реклама

Инаку, како што знаеме, Илон Маск заедно со Грајмс (33) минатата година го доби синот X Æ A-12, а младата мајка се пофали дека лузните на нејзиниот грб се всушност – тетоважа.

Нејзината фотографија таа ја споделила со 1,7 милиони следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.

Тетоважата ѝ започнува од рамениците, па се спушта низ целиот грб надолу.

„Целиот грб со бело мастило @tweakt и добивме помош од вонземјанскиот мозок по пат на компјутер“, напишала Грајмс.

Elon Musk's girlfriend Grimes shows off 'beautiful alien scars' newly inked across her back - newspostwall

Elon Musk's girlfriend Grimes shares video of her latest inking of 'beautiful alien scars' | Screen Lately

„Толку многу боли што не можам да направам подобра фотографија и не знам како ќе спијам. Ќе биде црвено неколку седмици, но сега имам прекрасни вонземјански лузни. На сите им посакувам убав ден“, заклучила младата Грајмс.

Нејзините следбеници на социјалната мрежа Инстаграм веднаш коментирале дека имаат впечаток дека вонземјанската тетоважа делува како „многу болен процес“.

Take a Tour of Grimes' Tattoos - Tattoo Ideas, Artists and Models

Реклама