Една корисничка на ТикТок од Балканот, предизвика хаос на социјалните мрежи со видео на кое покажала како е да се биде во врска со Балканец.
Во бизарното видео наречено „Се забавуваш со Балканец кој има проблем со агресија“, таа ги покажала пораките кои наводно ги добива од своето момче, а речиси секоја од нив е директна физичка закана.
Снимката која започнува со кадар од автомобил во кој Тиктокерката се наоѓа со момчето, во себе содржи непримерни пораки со заканувачки и навредувачки тон.
@adeelaa_m Mi zajedno: MMA Fights Maja vs Janjus 😂 @adisss_h 💕 #balkan #balkanfyp #balkantiktok #bosna #foryou #fürdich #foryoupage #viral #fyp #089 ♬ original sound – indigo
„Се забавуваш со Балканец кој има проблем со агресија: Не јади г*мна, ќе добиеш боксирач во заби, ќе добиеш ќотек, ќе ти ги скршам ребрата, не ми ги вади нервите, немој да си отишла офлајн, ќе те прекршам“, гласат пораките од приватните преписки кои девојката ги вметнала во видеото, веројатно со желба да го објасни насловот на истото.

Во коментари под снимката која кратко по појавувањето се најде на сите социјални мрежи, луѓето биле бесни, а поединци дури и му се заканиле на момчето на Тиктокерката.

„Се надевам дека се шегуваш, но ова не е за шега, некои девојки навистина ја проживуваат оваа траума“, „Таквите како него се помали од афионово семе кога ќе ги погледнеш, но ги малтретираат послабите од себе“, „Ако е ова вистина, зошто си со него?“, „Се надевам дека ќе го стигне кармата или правдата, нешто од тие две“, се дел од коментарите под објавеното видео.