ТикТок корисничката Бриџет (21), наводно страда од ретко пореметување ehlers-danlos syndrome.
Тоа се манифестира со хипереластична кожа, хиперподвижни зглобови, а заболените се во состојба без никакви потешкотии да изведуваат разни ‘акробации’. Повеќето од вежбите изгледаат морничаво, како во телото да немаат ниту една коска.
Бриџет на ТикТок покажала што сè може да изведе. Оваа девојка рекла и дека не е сигурна за какво пореметуање станува збор, бидејќи нема пари да појде на доктор за да ѝ препише дијагноза.
@noodlesslutt posting this first draft since a lot of y’all commented expecting to hear a crack😂💀
Сепак, дијагноза добила од нејзините следбеници, кои ѝ сугерирале дека станува збор за ehlers-danlos syndrome.
„Знам дека ова не е нормално, дека тоа не би требало да можам да го правам, па затоа последен пат нешто слично изведов кога бев мала“, напишала Бриџет покрај видеото кое го снимила претходно, а неодамна го објавила.
Инаку, на заболените од оваа состојба кожата лесно им пука, а на местото на ‘пукнатината’, подоцна остануваат рани. Кожата е мека и тенка, лесно се поместува и растегнува.