Девојче исфрлено од час поради облеката – бесната мајка го снимила разговорот со директорката: „Зарем гардеробата е поважна од образованието?“

12-годишно девојче од Вашингтон било вратено од училиште, бидејќи го прекршило кодексот на облекување.

Нејзината мајка, Калисеј Холт толку многу се налутила, што отишла кај директорката во училиштето и барала нејзината ќерка да биде пуштена да присуствува на часовите.

Google search engine

Девојчето во училиште дошло во тренерки и маица со кратки ракави, која малку го откривала стомакот. Мајката сето тоа го документирала и го обајвила на ТикТок, каде се развила жестока дискусија.

Додека едни тврдат дека правилата за облекување се сексистички, други сметаат дека директорката е во право што девојчето го испратило дома, бидејќи го прекршило кодексот за облекување.

@khalesei_holt

♬ original sound – Khalesei holt

Калисеј, инаку мајка на три деца, го снимила разговорот, во кој се слуша како директорката ѝ вели дека нема дозвола за снимање на разговорот и споменува адвокати. Мајката се правда дека тоа го прави поради ‘сопствена заштита’, а потоа прашува дали нејзината ќерка ќе продолжи да посетува настава.

„Моментално не“, одговара директорката, на што мајката прашува: „Значи, ѝ го одземате правото на образование поради кодекс за облекување?“.

Жената подоцна на социјалните мрежи го објавила и правилникот за облекување во училиштето, со намера да истакне дека директорката погрешила, пренесува „Daily Dot“.

@khalesei_holt

♬ original sound – Khalesei holt