Беше идол на многу од девојките, имаше пари и слава, а потоа поради дрогата и алкохолот тргна по лоши патишта.
Аманда Бајнс на светската сцена е од мали нозе, а во последниве години главно ја изненадува јавноста со своите појавувања.
Таа со години водела борба со дрогата и алкохолот, а неколку пати била и во клиника за одвикнување.

Проблемите кај Аманда започнале во 2012 година кога полицијата ја „уловила“ како вози под дејство на опијати, а една година подоцна била затекнала како консумира марихуана во лоби од зграда во Њујорк во која живеела.
Истата таа година таа предизвикала и пожар кај луѓе во соседната зграда коишто не ги познавала, а тогаш ѝ бил одреден психијатриски надзор од 72 часа.
Пред неколку години таа го обвинила својот татко за сексуално злоупотребување, но тужбата набрзо ја повлекла.
Како што објаснила „микрочипот во нејзината глава ја натерал да го каже сето тоа така, но и дека татко ѝ наредил да ја чипуваат“.

Таа планирала големо враќање во Холивуд, но сфатила дека е најдобро да се врати на лекувањето.
Токму враќањето пред камерите претставувало голема опасност за нејзиното здравје поради што била под голем стрес додека одела на аудициите.
Папарацо фотографите многупати ја „уловиле“ како седи сама на улица и пие кафе
Таа исто така признала и дека медиумското внимание ѝ предизвикувало стрес и дека не знаела како да се соочи со такви ситуации, па поради тоа посегнала по наркотици и алкохол.

Инаку, нејзе отсекогаш ја интересирала модата, па неодамна добила диплома за моден дизајнер.
За Аманда денес се грижи нејзината мајка, а како што наведуваат странските медиуми, актерката живее од парите кои нејзината мајка ѝ ги дава, а кои ги заработила глумејќи во успешни филмски остварувања во минатото.

