Детали од емотивното писмо кое принцот Хари му го испрати на својот татко: „Работите не се такви какви што се надеваше дека ќе бидат“

Принцот Хари ја отворил душата во писмо кое што му го напишал на принцот Чарлс откако нивниот однос го допрел дното и му ветил дека ќе ја почитува институцијата.

Пред да се врати во Велика Британија за последното испраќање на принцот Филип, принцот Хари на својот татко Чарлс му испратил писмо во кое што се обидел да ги подобри односите поради експлозивното интервју кое што го имаше кај Опра Винфри.

Google search engine

Воочи својата прва средба со семејството откако со сопругата Меган Маркл и синот Арчи го напушти кралското семејство и се пресели во САД, Хари во писмото ја отворил душата, но Чарлс и после тоа останал длабоко повреден поради потегот на својот син додека неговиот сега починат дедо во болница се борел за живот, пренесува „Mirror“.

„Му напиша интимно писмо на својот татко во кое што се обиде да го подобри нивниот однос, но тензиите сè уште се присутни меѓу нив и работите не се такви какви што тој се надевал дека ќе бидат“, раскажал за таблоидот близок извор до Хари, а открил и дека принцот во писмото уште еднаш ги истакнал причините за своето заминување, но и дека ветил дека ќе ја почитува институцијата.

„Семејството непосредно пред погребот на принцот Филип постигнало неизречен одговор да задржат за себе сè што имаат да си кажат еден на друг и да се фокусираат на кралицата на која што по смртта на својот сопруг ѝ е потребна само поддршка“, навел изворот.

„Хари не очекуваше дека сè веднаш треба да се врати на старо, но откако го виде семјеството се чувствува како да мора уште многу да работат на нивните односи“, додал тој.

Иако Хари по погребот бил „уловен“ како разговара со својот брат Вилијам, сепак и нивниот однос сè уште е ладен поради тешките обвиненија против кралското семејство изнесени во интервјуто кај Опра.

Да ве потсетиме, Хари на водителката ѝ рече дека смета дека неговиот брат и татко се „заробени“ во палатата и дека не можат само да си заминат како што тоа го направи тој, а токму тоа ги разбеснило нив.

ПретходнаОдличен природен лек за регулирање на притисокот и холестеролот
СледнаКардиолозите советуваат: 8 навики кои значително можат да го намалат ризикот од срцеви болести