На фотографијата се гледа отворен примерок на “Wall Street Journal” на масата, заедно со очила за читање.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се состанал со поранешниот советник за имиграција Стивен Милер во својата канцеларија во клубот Мар-а-Лаго во Палм Бич на Флорида. На фотографиите од состанокот се прикажани делови од животот на Трамп по Белата куќа, но и што поранешниот претседател се обидел да сокрие во новата канцеларија.
Како што објавил Милер на својот профил на Твитер, состанокот бил одличен, а на фотографиите се гледаат насмеани поранешниот советник и поранешниот претседател во канцеларијата на Трамп.
Just had a terrific meeting with President Trump! pic.twitter.com/jGyAnURAky
— Stephen Miller (@StephenM) April 5, 2021
На корисниците на социјалните мрежи “не им побегнале” некои детали од новата канцеларија на Трамп.
На фотографијата се гледа отворен примерок на “Wall Street Journal” на масата, заедно со очила за читање, статуа од Трамп во аголот на просторијата и неколку фотографии на ѕидовите, меѓу кои и една со ликот на Трамп на планината Рашмор.
Just had a terrific meeting with President Trump! pic.twitter.com/jGyAnURAky
— Stephen Miller (@StephenM) April 5, 2021
Посебно внимание на корисниците на социјалните мрежи им привлекло шишето “Кока Кола” на масата, сокриено зад телефонот, откако неодамна поранешниот претседател повикал на бојкот на таа компанија.
Исто така, укажале на тоа дека Милер го нарекол Трамп претседател, без да напише “поранешен”.
Некои корисници го коментирале нивниот изглед и навеле дека изгледаат одлично.
Други, меѓутоа, тврделе дека сликата е доработена, додека други тврделе дека статуата на Трамп и фотографијата од планината Рашмор укажуваат на неговиот нарцизам.
На масата на Трамп стои и дел од ѕидот со Мексико, како и семејна фотографија.
Just had a terrific meeting with President Trump! pic.twitter.com/jGyAnURAky
— Stephen Miller (@StephenM) April 5, 2021
Милер бил советник на Трамп за миграција додека бил во Белата куќа, а посетата доаѓа за време на мигрантската криза на границата меѓу САД и Мексико и навалата на мигранти во САД.
Многумина, вклучувајќи го Трамп, тврдат дека за мигрантската криза е одговорен Џо Бајдне, кој ги попуштил строгите мигрантски закони на Трамп.