Денеска ќе пристигне втората пратка вакцини од Србија

Денеска треба да пристигне втората пратка од вакцините на „Фајзер“, што ќе ја достави Србија.

Министерот за здравство, Венко Филипче, на граничниот премин Табановце ќе ја пречека делегацијата предводена од министерот за здравство на Република Србија, Златибор Лончар, кој ќе ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини.

Google search engine

Првата пратка од вакцините пристигна пред речиси десет дена. Тогаш вакцините на премиерот Зоран Заев му ги предаде српскиот претседател Александар Вучиќ. Со првите вакцини почна вакцинацијата на медицинскиот персонал во ковид-центрите во земјата.

- АУДИО РЕКЛАМА -