Од синоќа започна украсувањето на главниот град кое ќе продолжи и во наредните денови. Градоначалничка Данела Арсовска го раскина договорот со Линк Медиа склучен во октомври годинава и ги повика компаниите до донации да го украсат главниот град. Тендерот кој претходниот градиначалник Петре Шилегов го склучи со Линк Медиа чинеше 250 илјади евра
“Ова е време кога треба да се менуваат работите, кога треба да покажеме дека заедно можеме повеќе за нашиот град. На мојот повик се јавија компании кои ја покажаа својата општествена одговорност, а една од нив најави дека ќе го украси градот Скопје за Нова Година без финансиски импликации по градот” – рече Арсовска на почетокот на месецот.