Денес мајката на Роналдо живее луксузно и удобно, но не и во минатото: Децата ги израснала во една соба а неодамна го победила и ракот! (фото)

Марија Долорес, мајката на еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо, живееше прилично затворен и мистериозен живот додека не се појави на социјалните мрежи пред две години. Денес таа на социјалната мрежа Инстаграм има повеќе од 2,5 милиони следбеници, а со своите следбеници редовно споделува фотографии од секојдневието.

Светската јавност љубопитно сака да ѕирне во приватниот живот на фудбалерот и неговото семејство, па редовно следи што прави и како живее мајката на Кристијано Роналдо.

Google search engine

До нејзиното појавување на социјалната мрежа Инстаграм, ја гледавме само на свечените церемонии на кои нејзиниот син освојуваше разни награди или во финалиња на некои големи натпреварувања, бидејќи по натпреварот таа сака да слави заедно со нејзиниот син, Роналдо.

За мајката на фудбалерот е познат податокот дека таа во 2007 година ја доби битката со ракот на дојката по што Роналдо донираше 100.000 евра во болницата каде што беше лекувана како знак на благодарност. За жал, во 2019 година Долорес повторно се бореше со ракот, што и самата јавно го потврди тоа. Подоцна таа била оперирана во Мадрид, а потоа отишла на зрачење и храбро се борела за живот, во што и успеала.

Друг показател дека животот не ја галел многу е мозочниот удар што го доживеала во 2020 година.

За мајката на Роналдо се познати малку информации, а една од нив е дека сакала да го абортира Роналдо додека била бремена со него.

Тој е детето кое сакав да го абортирам. Господ не сакаше тоа да се случи и јас сум благословена бидејќи Господ не ме казни, изјави таа во документарецот за Роналдо.

Покрај Роналдо, таа ги има Елма и Лилана и синот Хуго. Таа своите деца ги одгледала во една соба, а нивниот татко починал на 53-годишна возраст од последиците на заболување на црниот дроб.

Долорес денес има многу блиски односи со Роналдо и неговата поубава половина Георгина, а се чини дека Кристијано е детето со кое го поминува поголемиот дел од своето време. Често се фотографира и со внуците кои ги има од страната на Роналдо. Иако често се пишува дека не ја поддржува избраничката на Роналдо, Георгина, Долорес често го демантира тоа и покажувајќи колку време поминува со неа и со децата.

Покрај тоа што често ги чува внуците, мајката на Роналд поседува и ресторан во Бразил наречен Каса Авеиро, а на ѕидот на ресторанот има фотографија од целото семејство. Инаку, таа го започнала овој бизнис пред две години.

Долорес никогаш не се омажила по смртта на нејзиниот сопруг, но е во врска со Хозе Андраде со кој редовно објавува фотографии. Тие патуваат заедно, следејќи го Роналдо на неговите натпревари.

Роналдо и избраникот на неговата мајка Хозе изгледа имаат добри односи, судејќи по фотографиите кои Хозе редовно ги објавува со фудбалерот и неговите деца.

 

ПретходнаЗаработила милион долари за 48 часа! Атрактивната јутјуберка откри дека отворила профил на „OnlyFans“
СледнаРуски генерал кој беше во тимот на Слободан Милошевиќ бара оставка од Путин: “Повикуваш на војна, а никој не ни се заканува, тоа е злосторничка политика”!