Демонстрантите во Брисел ја нападнале полицијата, користени водени топови

Во Брисел во тек се протести поради смртта на момче со африканско потекло, кое починало по приведувањето, а избиле и судири меѓу демонстрантите и полицијата. Запалена е полициска станица, а уапсени се повеќе од 70 демонстранти.

По мирните протести, вчера дошло до нереди во престолнината на Белгија кога група демонстранти со разни предмети и петарди ја нападнале полицијата, која употребила водени топови за да ги растера.

Google search engine

Според наводите на локалните службеници, уапсени се меѓу 70 и 80 демонстранти.

На социјалните мрежи се објавени видео-снимки од нередите. На една од нив се гледа дека демонстрантите со камења го погодиле и возилото на белгискиот крал Филип, но засега не е познато дали тој бил во возилото.

Протестот е одржан откако младо момче, по име Ибрахим, починало во полициски притвор. Ибрахим наводно се обидел да побегне додека полицијата легитимирала група луѓе, бидејќи не се придржувале до мерките воведени поради пандемијата на коронавирусот.

Како што јавува “AFP”, повикувајќи се на канцеларијата на обвинителот во Брисел, отворена е истрага за околностите на смртта на момчето.