„Дејли мејл“: Во Полска е пронајдено нацистичко богатство вредно стотици милиони евра

Ловците на богатство кои пронашле 10 тони нацистичко злато во темелите на палатата од 18 век во Полска, велат дека добиле дозвола да откопаат затрупан сандак во кој го нашле богатсвото.

Според написите во „Дејли мејл“ се верува дека украденото богатство, кое требало да се искористи за основање на Четвртиот Рајх, било закопано таму по наредба на началникот на Хајнрих Химлер. Во мај оваа година, трагачите откриле метален сандак закопан три метри под површината.

Google search engine

Објавувајќи видео на „Јутјуб“ на 31 јули, Роман Фурманиак од фондацијата Шлезиски мост изјавил: „Возбудени сме што можеме да ја споделиме со вас веста дека е добиена дозволата потребна за последното ископување. Зачувајте го датумот – 1 септември! Голем датум за голем ден! Тоа се случува, е на пат, би сакале да побрзаме колку што можеме, но ја разбираме вашата нетрпеливост и правиме се што можеме со она што го имаме!“

Во богатството е и таканареченото Вроцлавско злато, кое исчезнало од полициската управа во истоимениот близок полски град. Се верува дека сандакот содржи накит и скапоцености од приватните колекции на богатите Германци кои живееле во областа.

Со цел да го заштитат својот вреден имот од напредувањето на Црвената армија, богатите Германци ги предавале своите богатства. Локацијата била откриена со тајни документи, преку дневник на еден офицер и мапа која им ја дале на ловците на богатство од потомци на офицери кои припаѓале на тајна ложа стара повеќе од 1.000 години.

Овој дневник, воден од висок офицер, наводно ја открива локацијата на друга палата во истиот регион. Таму на дното на бунарот наводно се складирани 28 тони богатство, пренесуваат медиумите.

ПретходнаДУРИ 3 ПАТИ СЕ ЈАВУВАЛ ДОДЕКА СЕЕЛ СМРТ?! Кај се јавил Бориловиќ: Еден повик е ПОСЕБНА МИСТЕРИЈА
СледнаМетеоролог покажал застрашувачки феномен: Сушите се поопасни отколку што мислиме – еве зошто