ДЕДО (92) НАПАДНАЛ ТРОЈЦА СРЕДЕ УЛИЦА! Немаа поим дека се плеткаат со поранешен боксер

Неверојатна снимка од улична тепачка стана вирална. Пред влезот на еден ресторан „Мекдоналдс“ во Велика Британија изби тепачка во која главна улога има поранешен 92-годишен боксер.

Неколку луѓе го нападнаа дедото, не знаејќи дека е подготвен да возврати.

Google search engine

Конфронтацијата траеше неколку минути, а виталниот старец успеа да нокаутира тројца напаѓачи. Во неколку наврати испрати двајца на подот и не се откажа. Му се допадна борбата, па секој пат се враќаше да ја заврши работата.

На крајот малку му снемало сила, па еден дечко успеал да го собори, но за разлика од ривалите, дедото брзо станал на нозе.

Една жена упорно се обидувала да ја прекине тепачката, но воинствениот дедо се противел.

Во описот на видеото, кое ги запали социјалните мрежи, се наведува дека старецот има 92 години и бил поранешен професионален боксер, но неговото име не е објавено.

Многу корисници на социјалните мрежи изразија сомнеж дека овој човек е навистина толку стар, бидејќи е неверојатно подвижен и силен за своите години.