Вселенското летало „DART“ кое американската вселенска агенција NASA во септември успешно го „заби“ во астероид, успеало да го помести астероидот од неговата орбита со што ја завршило својата мисија – го променило патувањето на небесното тело за во иднина, доколку има потреба да ја спаси планетата Земја.
„Ова е пресврт за одбрана на планетата Земја и пресврт за човештвото“, изјавил директорот на NASA Бил Нелсон.
Научниците по извршени мерења дошле до заклучок дека орбитата од 160 метри широка карпа позната како Dimorphos е сменета по ударот на вселенското летало „DART“.

Инаку, научниците мерењата ги правеле со помош на низа вселенски и земски телескопи.
Мисијата била замислена да тестира потенцијални стратегии за одбрана на Земjaта од објекти кои ѝ се закануваат и кои претставуваат опасност.
Достигнувањето на вселенското летало „DART“ докажува дека таквата идеја би функционирала под услов да е започната доволно рано и астероидот да не е премногу масивен, пренесува „BBC“.
„Оваа мисија покажува дека NASA се обидува да биде подготвена на сè што универзумот ни фрла. Верувам дека NASA докажа дека сме сериозни како бранители на планетата Земја“, изјавил Бил Нелсон.
Live Now: #DARTMission experts discuss early results from the spacecraft’s planned impact with asteroid Dimorphos — the world’s first #PlanetaryDefense test:
Remember: DART is a test and there are no known asteroid threats to Earth. https://t.co/1xdgJEaghU
— NASA (@NASA) October 11, 2022
Експериментот бил одржан на околу 11 милиони километри од Земјата. Се видело дека вселенското летало „DART“ од 750 килограми вози право во Dimorphos, уништувајќи се во тој процес.