Дали знаевте дека Зара има тајни симболи на своите етикети? Го откриваме нивното значење

Сигурно сте забележале дека конфекциските броеви во Зара не се секогаш исти, а можеби сте забележале и знаци на етикетите и сте се запрашале за што служат.

Понекогаш се случува и покрај тоа што носите големина М, да морате да купите големина L или големина S. Ваквите ситуации често го попречуваат купувањето преку Интернет, бидејќи може да се случи нарачаната облека да не ви одговара по големина.

Google search engine

Дали знаевте дека Зара има тајни симболи на етикетите кои ви помагаат да ја пронајдете големината на облеката што навистина ви одговара?

Имено, сè што треба да направите е да погледнете кој симбол се наоѓа на етикетата – триаголник, круг или квадрат. Тие тврдат дека овие „тајни“ симболи покажуваат за каков крој станува збор.

Имено, доколку на етикетата има триаголник, облеката е со помал крој. Ако на етикетата има круг, тогаш облеката е со поголем крој, ако на етикетата е нацртан квадрат, тогаш облеката одговара на големината наведена на етикетата.