Дали знаете дека можете да добиете визит-карта од Путин? Но за одредена цена

“Оригинал. Во добра состојба. Од 2004-та година стои во паричник”, се наведува во текстот на огласот објавен на сајтот “Авито”.

Визит-картата на Владимир Путин од времето додека работел во градската куќа во Санкт Петербург се продава на интернет за 550.000 рубљи или 6.170 евра, а како што кажале авторите на огласот, подготвени се да ја намалат цената за околу 50.000 рубљи.

Google search engine

“Оригинал. Во добра состојба. Од 2004-та година стои во паричник”, се наведува во текстот на огласот објавен на сајтот “Авито”.

На прашањето за можноста за намалување на цената, авторите навеле: “Цената не може да биде под 500.000”.

На црно-белата визит-карта со грбот на Санкт Петербург наведена е функцијата на Путин – заменик градоначалник за меѓународни односи и надворешни економски односи, претседателот на градскиот Одбор за надворешни односи – и неговиот број за контакт.