Дали во иднина против коронавирусот ќе се вакцинираме со „коктел вакцини“? Научниците тестираат различни комбинации

На доброволците кои што ќе ја примат вакцината на АстраЗенека или пак Фајзер, без сомнеж ќе им биде дадена истата вакцина или пак вакцината на Модерна или Новавакс како втора доза.

Британска студија за користењето на различните вакцини против ковид-19 во вакцинацијата со две дози се проширува и на вакцините на Модерна и Новавакс, објавиле во средата истржувачи од Универзитет во Оксфорд.

Студијата „Com-Cov“ првпат била покрената во месец февруари за да се испита дали може да се постигне еднаков имунолошки одговор со комбинација на различни вакцини против ковид-19 во првата и втората доза, како и користење на две дози од истата вакцина.

Професор од Универзитетот во Оксфорд кој што го водел ова истражување, Метју Снејп, вели дека целта е „да се истражи дали има повеќе достапни вакцини против ковид-19 и дали може истите да се користат флексибилно“, пренесува хрватски „Дневник“.

Британија и многу други европски земји моментално ги користат вакцините АстраЗенека и Фајзер.

Но, извештаите за многу ретките згрутчувања на крвта ги поттикнаа некои од владите вакцината на АстраЗенека да се дава само на одредени луѓе или пак по две примени дози од таа вакцина, како трета доза да се прими некоја друга вакцина.

Зборувајќи за проширувањата на студиите на Модерна и Новавакс вакцините против ковид-19, Снејп изјавил дека ќе се настојува да се регрутираат возрасните луѓе, односно постарите од 50 години кои што добиле „главна улога во вакцинацијата против ковид-19 во последните 8-12 месеци“.

„Доколку успееме да покажеме дека со овој мешан распоред се создава имунолошки одговор еднакво добар како и кај стандардниот распоред на вакцините и без знајачно зголемување на реакциите на вакцината, тоа потенцијално ќе овозможи поголем број на луѓе побрзо да стекнат имунизација против ковид-19“, изјавил Снејп.

Тоа исто така би овозможило и отпорност на здравствениот систем во случај на недостаток на било која од вакцините.